Како да препознаме дали јајцето е свежо?

822

jajce-pexels

Фото: Pexels

Топлите денови носат ризици кога станува збор за храната. Особено за храна што е лесно расиплива како што се јајцата. За да ги избегнете несаканите последици од расипаните јајца, ви даваме неколку совете како да ги препознаете.

Свежото јајце има цврста и испакната жолчка, а белката му е густа и заматена. Сепак, тоа не можете да го видите кога купувате, туку кога ќе го скршите јајцето.

За да одберете свежо јајце кога сте во продавница или на пазар добро погледнете ја лушпата. Таа е неговата амбалажа и секоја промена е знак дека јајцето може да е расипано.

Исто така, можете и да го ставите јајцето на уво и малку да го протресете. Потоа, внимателно слушајте. Доколку слушнете звук од внатрешноста јајцето е добро за јадење, во спротивно е старо.

Добар и проверен трик е ставање на јајцата во вода. Ставете ги јајцата во сад во кој ќе налеете двојно повеќе вода од нивната висина.

Јајцата што ќе потонат и ќе останат цврсто на дното се свежи. Ако малку се подигнуваат нагоре се веќе застарени, а доколку испливаат целосно на површината не помислувајте да ги јадете.