Добро се знае дека секое време си има своја генерација, којашто има нешто заедничко, па истото важи и за миленијалците. Тие се родени во 80-тите и 90-тите години на минатиот век и токму сега се во силна продуктивна фаза.
Но, освен слични карактеристики, миленијалците имаат и одредени очекувања и предизвици со коишто се соочуваат. Ако во работното окружување имате колеги и соработници што ѝ припаѓаат на оваа генерација убаво е да знаете некои работи што им се исклучитечно важни.
Сакаат да бидат дел од приказната
Миленијалците бараат силна смисла во она што го работат. Развиваат силно чувство на припадност кон средината, односно компанијата во којашто работат и за заедницата за којашто придонесуваат. Сакаат да добиваат задачи кои бараат одговорност, па преку нивно решавање да докажат дека се способни, имаат знаење, стручност и силна професионална личност.
Дајте им поддршка
Миленијалците, освен чувство на припадност, имаат потреба од охрабрување. Тоа значи дека бараат поддршка од постарите и поискусните во полесно надминување на предизвиците. Подготвени се да прифатат добронамерни совети, што понатаму ќе ги користат како важна насока за движење кон успехот.
Дајте им шанса да ги срушат предрасудите
Иако за миленијалците важат некои заблуди, тие постојано треба да се залагаат за нивно уривање. Не губат надеж, туку напротив секоја прилика ја користат за да докажат дека се разумни, подготвени за силни задачи, лесно ги надминуваат пречките, сакаат да работат тимски и да ја насочат енергијата кон важни работи.
Ја ценат флексибилноста, ги почитуваат авторитетите
Иако постарите генерации помалку веруваат дека новите генерации ги почитуваат, миленијалците се тука да покажат дека навистина ги почитуваат авторитетите. Она што го развиваат и за што се залагаат повозрасните колеги, за нив претставува солидна основа на којашто сакаат да ја градат својата кариера. Од друга страна, го прифаќаат и проевропското струење што подразбира пофлексибилен пристап и начин на работа, па сакаат да бидат активно вклучени во таквите процеси што се секојдневие во компании во развиените делови на Европа или САД.
Фото: Pexels