Како да решавате проблеми за да “преживее“ вашиот старт – ап

startup

Фото: Pexels

Ако знаете да решавате проблеми тогаш може да бидете одличен претприемач. Доколку се соочувате со непредвидливи проблеми кои ве иритираат и ви предизвикуваат стрес не се откажувајте од извршување на својата работа. Во создавањето на иновативен бизнис се тестираат вашите вештини, трпение, решителност, а вие треба да постигнете задоволство од тоа патување. Најдобрите претприемачи знаат дека решавањето на проблемите е секојдневие во бизнисот и никогаш не завршуваат.

Решавање на проблеми е талент кој може да се развива. Затоа треба да се фокусирате на неколку клучни активности и практики, пишува Entrepreneur.

Задржете позитивен став

Проблемите се нормални кога го започнувате вашиот старт – ап. Ако се чувствувате лути или покажувате негативен став кон тимот за настанатите проблеми ќе го загрозите потенцијалниот успех на вашиот старт – ап. Успешното решавање на проблеми е честопати состојба на умот, отколку одредена вештина или процес.

Слушајте ги другите

Првиот предизвик за многумина претприемачи е да го согледаат постоечкиот проблем. Тоа значи дека треба да ги слушате вашите советници, членови на тимот, клиенти. Не може да го решите проблемот ако не го согледате.

Отворено комуницирајте за секој проблем

Претприемачите кои добро ги решаваат проблемите, не ги кријат од своите тимови и јавно ја преземаат одговорноста за навремено решавање. Потребно е да ги претставите првичните акции кои планирате да ги преземете во разрешување на проблемот.

Побарајте  помош од ментор

Не се двоумете да се побарате совет од искусен советник или ментор да ви помогне. Така ќе се спасите од фрустрација и неуспешни обиди да го решите проблемот.

Не избрзувајте со заклучоци

Бидете сигурни дека ги имате сите факти како и увид од релевантни извори и надворешни експерти. Не дозволувајте вашите емоции да ве понесат и да донесете избрзан заклучок.