
Фото: Pexels
Многумина веруваат дека успешна кариера, многу пари и дружења со познати личности се предуслов за среќа.
За да го измерат нивото на среќа во светот, научниците користат податоци од Mappiness app и World Happiness Report, каде илјадници волонтери одговараат колку се задоволни од нивниот живот, како се чувствуваат и што ги прави среќни.
Иако резултатот не може генерално да потврди што ги прави сите луѓе среќни, а што не, сепак постојат неколку одговори за тоа што луѓето треба да направат и како треба да постапат за да бидат посреќни и таа среќа подолго да трае.
Неколку студии направени во текот на изминатата декада велат дека од 30% до 80% среќата е запишана во нашите гени.
Други истражувања покажуваат дека од 10% до 60% од среќата доаѓа од нашето однесување и од тоа како гледаме на животот.
Според ова, само 10% од чувството на среќа се должи на нештата што ни се случуваат, како промени во кариерата, врските со луѓето и примањата.
Промена на подобро
Има многу докажани начини како да си го направиме животот полесен, како да бидеме посреќни и позадоволни на долги патеки.
Еве неколку од нив:
Медитација
Намерното фокусирање на моментот во одредени временски интервали, значително ги намалува чувствата на депресија и анксиозност.
Поминување време надвор
Времето поминато надвор во природа докажано го намалува нивото на кортизолот или стрес хормонот. Затоа, кога и да ви се укаже шанса одете некаде на чист воздух.
Помагање на други
Разумно потрошени пари на хуманитарна организација или на некој на кого навистина му се потребни е секогаш благородно и поттикнувачко дело и со себе носи чувство на исполнетост и среќа.
Волонтирање
Волонтирањето е една од најдобрите активности за подобрување на психолошкото здравје, велат експертите. Со тоа се намалува ризикот од депресија и разните психички заболувања коишто можат да бидат опасни по живот.