Како да се преброди работниот ден кога имате настинка?

52

Овие неколку совети ќе ви помогнат полесно да го пребродите работниот ден доколку имате настинка.

limon

Фото: Pixabay

Пијте многу течности

Вода, свежо цеден сок, супа и останати бистри течности многу помагаат во борбата против настинката, затнатиот нос и кашлицата. Конзумирајте ги што повеќе за да му помогнете на имунолошкиот систем да се бори против настинката. Избегнувајте алкохол, кафе, газирани и енергетски пијалоци.

Спреј за нос

Доколку имате затнат нос користете солен спреј. Тој ќе помогне да се опушти мускулатурата во дишните патишта и воздухот полесно да циркулира.

Јадете ментол бонбони

За болно грло, ментол бонбоните се одлични поради чувството на свежина во устата. Нивната арома и вкус ќе ви ја намалат болката и гребењето во грлото.

Одбегнувајте чад

Избегнувајте зачадени простории, а доколку сте пушач воздржете се од цигарите. Во спротивно само ќе ја влошите состојбата.

Хранлив оброк и одмор

По работниот ден вратете си ја силата со добар оброк во кој ќе биде вклучена пилешка супа. По оброкот обидете се да заспиете или едноставно одмарајте.

Инхалација

Сè што во е потребно е камилица во топла вода и пешкир. Длабоко вдишувајте и издишувајте, па дури и ако затнатиот нос го оневозможува тоа. Правете неколку инхалации во денот и резултатот нема да изостане.