Како да се промовирате себе си

43

ogledalo-1

Фото: Pixabay

Неколку корисни совети за одлична самопромоција.

Јасна цел

Кои сте вие? Што работите? Која е вашата цел? Тоа се трите клучни прашања на коишто треба да имате јасен одговор кога сакате да се “продадете” себе си (вашите вредности и умеења) на интервју за работа, коктел забава, бизнис вмрежување и слично.

Одвојте ги главните точки

Откако ќе го простудирате вашето резиме, одвојте четири главни точки во коишто се објаснува зошто сте одлични за одредена работа. Резимето треба да ја вклучи вашата работна историја, вештини, достигнувања и цели, како и да не биде оптоварено со неважни информации.

Раскажете приказна

Луѓето сакаат да слушаат интересни приказни и анегдоти, затоа раскажете нешто што ќе им го привлече вниманието. На тој начин многу полесно ќе ве запомнат. Експертите велат дека луѓето многу подобро помнат некои работи кога со нив се поврзува некоја приказна или асоцијација.

Оставете го жаргонскиот речник

Треба да умеете да објасните кои сте вие и што точно работите на начин што ќе биде разбирлив за мнозинството. Тоа значи дека треба да се одбегнува терминологија што би била непозната за луѓето кои не се од вашата индустрија.

Вежбајте

Не е лошо да ја вежбата својата самопромоција пред пријателите или семејството и да ги прашате за фидбек. Правете го тоа сè додека не почувствувате дека можете истото да го кажете убедливо и пред други луѓе.