Како да се создаде Google надвор од Силиконска долина?

25

sl1Мајкл Голдберг е искусен venture capitalist и меѓународен бизнис лидер чие предавање е фокусирано на претприемништвото и финансирање во почетна фаза. Голдберг е вонреден професор на Отсекот за дизајн и иновација на Weatherhead School of Management, Case Western Reserve University и има големо искуство во предавање на претприемништво на меѓународните пазари. Дополнително, Голдерг е активен и во претприемничката заедница во Кливленд, како ментор на млади претприемачи на Jumpstart и FlashStarts програмите.

Оваа сабота публиката ќе има можност да го слушне Голдбер како зборува на тема ’Како да се создаде Google надвор од Силиконска долина’. Сесијата ќе се одржи во HUB Скопје на 4ти јуни од 10 до 12 часот. По неколку посети на Македонија, тој заклучи дека луѓето кои се заинтересирани да започнат бизнис во Македонија се соочуваат со големи пречки како недостиг на капитал. Во два часа тој ќе го сподели своето искуство и ќе даде многу корисни совети за секој што сака да започне свој бизнис.
Поради ограничен број на места, сите заинтересирани треба да го пополнат следниот формулар.

*предавањето ќе биде на англиски јазик