Како да се справите со неочекуваните ситуации

3

situacija

Фото: Pixabay

Разликата помеѓу добар и исклучителен вработен е во тоа како се справуваат со неочекувани ситуации. Додека едни може да “паднат“ под притисок на непознатото, други бараат начин да ги надминат тешкотиите. Справувањето со неочекувани ситуации е вештина што може да ја подобрите, пишува Skills You Need.

Не паничете

Додека во некои тешки ситуации може да се бара од вас да дејствувате веднаш, во повеќето случаи подобро е да не реагирате веднаш и да бидете сигурни дека имате одговорност да ја решите ситуацијата. Не паничете бидејќи луѓето не би сакале да соработуваат со вас ако немате самоконтрола.

Побарајте помош

Неочекуваната ситуација може да биде прилика за да ги покажете вашите способности и вештини во справувањето со тешка работа, тоа не значи дека не може да побарате помош. Ако ги игнорирате колегите околу вас (нивното знаење и вештини), може само да ја усложните ситуацијата. Побарајте помош кога ви е потребна и второ мислење ако не сте сигурни.

Направете план

Внимателно размислете што треба да преземете за да биде разумно и логично, а ако е потребно побарајте совет. Кога ќе создадете јасен план, преземете акција за решавање на ситуацијата. Ако сте побарале помош од други проверете дали сè се одвива според планот.

Бидете оптимисти

Соочувањето и справувањето со неочекуван проблем е можност да ја покажете вашата иницијатива, како можете да работите под притисок и да ги истакнете лидерските способности. Обидете се да го задржите вашиот позитивен став и во тешки ситуации.

Анализирајте

Откако успешно ќе го решите проблемот (неочекуваната ситуација) направете анализа на тоа што се случило, зошто и како би можеле поефикасно да се справите со проблемот. Може да поразговарате со вашите колеги и да ги прашате како тие би реагирале во конкретната ситуација.