Како да се справите со сувата кожа во зимскиот период?

48

lice-zima

Фото: Pexels

Многумина во зима се борат со непријатна сува кожа на лицето, рацете, стапалата… Но има и такви кај кои покрај сувоста се појавува и чешање, пукање на кожата, па дури и воспалување (егзема).

Лекарите велат дека ова најмногу се должи на студот и почетокот на грејната сезона. Времето го поминуваме внатре, каде воздухот нема доволно влага и без разлика дали се грееме на струја, нафта или дрва, сушењето на кожата е неизбежно.

Еве неколку корисни совети како да и помогнете на вашата сува кожа во зима.

Навлажнувач во домот

Преносливите навлажнувачи или оние кои работат со вашиот систем за греење ја даваат онаа потребна влага во воздухот, која вашата кожа ја апсорбира.

Одберете масна крема

Масните креми ја задржуваат водата во кожата и играат голема улога во зачувување на нејзината влажност, особено кога воздухот е сув.

Користете крема со заштитен фактор

Кога излегувате надвор, не заборавајте да нанесете крема со заштитен фактор на изложените делови. Таа ќе спречи продирање на штетните УВ зраци во кожата.

Промена во начинот на хигиена

Избегнувајте стикови, антибактериски и парфимирани сапуни, како и производи што содржат алкохол. Наместо тоа користете млака вода, непарфимиран, навлажнувачки сапун и крема и ограничете го времето на туширање на десет минути.

Ракавиците и чорапите не смеат да бидат влажни

Не дозволувајте вашата кожа да биде во влажни ракавици или чорапи. Тоа може значително да ја влоши состојбата на и така сувата кожа.

На стапалата и рацете им треба дополнителна нега

Кожата на рацете е многу потенка и има помалку масни жлезди, затоа нанесувајте почесто глицерински креми кои ќе ја обезбедат потребната влажност. Истото важи и за стапалата, најпрво отстранете ја “мртвата” кожа со благ ексфолијант, а потоа намачкајте ги со хранлива глицеринска крема.