Како да се справите со ужасен колега

455

Со цел успешно и навремено извршување на работните задачи, многу е важно компанијата за која работите да има добри меѓучовечки односи. За жал, луѓето секојдневно се среќаваат со соработници кои немаат попаметна работа и го прават работниот ден неподнослив.

Како ги одржувате нервите и напредувате во вашата кариера кога некој постојано ви прави сопки на работното место? Роберт Сатон, професор по менаџмент на универзитетот Стенфорд, го побара одговорот.

Професорот Сатон разговарал со луѓе кои на своето работно место наидоа на разни проблеми: колегите ги “прободеа нож во грб“, шефовите беа некомпетентни и насилни, а имало и  жалба за ужасно гласен соработник. Тој потенцира дека најдобро е да избегнувате такви лица, но ако не можете, професорот Сатон предлага неколку стратегии за да ја преживеете соработката со најлошите луѓе во вашата работа.

Гледајте од светлата страна

Професорот Сатон го наведува примерот на една млада адвокатка, која работела две години за судија. За неа било многу тешко да работи со колегите и шефот, но знаела дека тоа ќе наштети на нејзината кариера ако се повлече и не ќе може да го врати долгот за студиите. Како издржала? Таа замислила како ќе изгледа нејзиниот живот кога ќе заврши со исплатата на долговите.

Избегнувајте колеги кои ви го загорчуваат животот

Поместете ја работната маса за да не сте блиску до колега кој од ден на ден ве задева. На состаноци, седнете што е можно подалеку од еден груб соработник. Избегнувајте да бидете во кујната во исто време со таа личност. Професорот Сатон посочува дека е подобро да имате што е можно помалку контакт со лошите луѓе на работа.

Користете ја вашата моќ

Ако вие сте надлежен на колегата кој се однесува лошо на работа, тогаш треба да заземете став. Професорот Сатон наведува пример на директор што им кажал на луѓето на интервјуа за работа, “Ако дознаам дека сте лоши, ќе ве отпуштам“ – и тој навистина го правел тоа. Ако нешто не преземете тоа ќе ја наруши работната атмосфера.

Фото: Pexels