Како да се заштитите од комарци на природен начин

377

komarec

Фото: Pixabay

Комарците знаат да бидат премногу досадни и проблематични во летниот период и сите постојано бараме лесни, природни, испробани начини со коишто ќе можеме да се заштитиме од нив. Еве неколку природни елиминирачи на овие инсекти.

Лук

Без разлика дали сте го конзумирале или сте се намачкале со масло од лук по кожата, ефектот ќе биде постигнат, комарците ќе бегаат од вас.

Есенцијални масла

Масло од еукалиптус, рицинус, цимет, рузмарин, мента, се одлични за борба против комарците. Најдобро е да нанесете малку на пулсирачките места на телото и да бидат измешани со некој обичен навлажнувач за тело.

Лаванда

Можете да ставите и свежи цветови на телото или да ставите масло од ова миризливо цвеќе на кожата. Лавандата е еден од најефикасните домашни лекови.

Мрежа за комарци

Доколку имате можност, спијте со мрежа за комарци што правилно ќе ја поставите над креветот. Внимавајте да не ја допирате кога спиете, зошто инсектите можат да ве каснат и преку мрежата доколку дојдете во допир со нив.

Лесна облека со долги ракави

Доколку не ви е премногу жешко, покријте ја кожата со вашата облека. Тоа нека биде лесна и широка облека.

Носете бело

Комарците не ја сакаат оваа боја, затоа потрудете се да носите алишта со бела боја.