Како да станете богати применувајќи само едно едноставно правило?

46

pari

Фото: Pexels

Концептот да трошите помалку пари отколку што заработувате изгледа крајно едноставен. Меѓутоа, за жал, за многу луѓе таа едноставност не е толку очигледна. Наместо да трошат помалку отколку што заработуваат, многу луѓе се задолжуват и трошат повеќе пари од расположливите. Долговите ја уништуваат финансиската иднина.

Иднината ја создаваат одлуките што ги носиме во сегашноста. Зарем не сакате побогата финансиска иднина? Затоа е толку важно ова едноставно правило.

Прочитајте како можете да го избегнете типичното човечко однесување и како да трошите помалку отколку што заработувате:

1. Дознајте точно колку заработувате

Првиот чекор е лесен да го примените. Соберете ги сите банкарски извештаи за последните неколку месеци. Ако немате стабилна плата, тогаш соберете ги месечните приходи и пресметајте просек. Исто така треба да ги елиминирате месеците кога сте добивале бонуси, бидејќи тие не се континуирани месечни примања. Сето ова ќе ви помогне да пресметате точно кои се реалните очекувања на приход.

2. Направете план за трошење

За вториот чекор е потребно да ги направите основните пресметки на месечните трошоци. Клучно е трошоците да бидат помали од приходите што ги пресметавте во претходниот чекор. Ако тоа ви изгледа невозможно, тогаш не се трудите доволно. Постојат две опции како да трошите помалку отколку што заработувате:

Трошете помалку

Намалете ги сите непотребни трошоци – луксуз и задоволства. Елиминирајте ги трошоците според вашата скала на вредност, има многу работи на коишто ги трошите парите, а реално не ви се потребни.

Заработувајте повеќе

Овој метод го применуваат многу луѓе со цел да ги задоволат своите и потребите на семејството. Постојат повеќе начини како да го направите тоа – со прекувремена работа во компанијата или со наоѓање на дополнителна работа. Исто така можете и да започнете сопствен бизнис, да давате хонорарни услуги…

Самите одлучете која опција најмногу ви одговара за да имате богата финансиска иднина – дали да ги намалите трошоците или да ги зголемите приходите.