Како да успеете да заштедите и кога немате “вишок“ пари

363

На некој му треба учество за стан, некој сака да патува кога ќе заврши кризата, а можеби и да купи нов автомобил. Сè на сè, парите нема да паднат од небото, научете мудро да управувате со нив.

Дали мислите дека лесно би можеле да заштедите ако имате подобра плата? Во пракса не е така. Овие изјави честопати се одраз на сопственото оправдување и, всушност, не доведуваат до целта. Обидете се да размислите малку поконструктивно. И покрај сметките и стандардните трошоци што не можеме да ги избегнеме, секој од нас троши пари, без сомнение  и на некои “глупости“ (работи што не ни требаат).

Заштедата е секогаш посебен предизвик затоа што многу луѓе мислат дека им требаат многу “вишок“ пари за да заштедат, но тоа не е поентата. Подобро е да се одреди процентот отколку износот. Јасно е дека оние кои имаат приходи од 30.000 и 60.000 дeнари нема да можат да заштедат исто месечно, но затоа можат да издвојат по 5% или 10% од својата плата.

Мора да имате фокус, ако го немате, тогаш не е ни чудо зошто не можете да одвоите пари.

Важно е да имате причина – тоа може да биде патување, стан, нов бизнис… без јасен фокус нема да имате мотивација.

Треба да бидете свесни за своите приходи. Не може да очекувате месечно да одвојувате 100 евра ако тоа е петтина од вашата плата. Водете се по проценти, ако ви расте платата тогаш  нека расте и процентот.

Не отстапувајте од целта ако дојдете до половина. Можеби на половина пат ќе помислите да се откажете и со тие пари да купите нешто друго. На пример ако штедите за автомобил и ви требаат неколку илјади евра, немојте на половина пат тие пари да ги потрошите на “ситни задоволства“.

Фото: Pixabay