Како да започнете бизнис со ич пари

435

Што имаат заедничко Hewlett-Packard, Subway и Mattel? Освен што се глобални брендови, сите овие компании го започнаа бизнисот со речиси никаков почетен капитал. Вака Стејси Мекинтош, главен уредник во бизнис порталот Sage, ја започнува неговата статија.

Започнувањето бизнис без пари може да делува како страшна можност, но со малку планирање, потфатот е остварлив.

Всушност, учењето како да основате бизнис без пари може да биде позитивно искуство. Тоа значи дека нема да посегнете по вашата заштеда и дека ќе треба да бидете ефикасни, креативни и претприемачки настроени.

Дали можете да започнете бизнис без пари?

Да, возможно е да основате бизнис без никакви пари. Под претпоставка дека имате вештини што се бараат на пазарот на трудот и веќе поседувате одредена опрема, би требало да сте во можност да почнете да остварувате приход. Овие иницијативи може да вклучуваат работи како: чистење, шетање кучиња, достава, поправки.

Со ова на ум, повеќето стартап компании имаат потреба барем од малку пари, но не ви требаат огромни суми. Речиси една четвртина од стартап компаниите во Велика Британија почнуваат да работат со помалку од 1.000 фунти.

Одберете бизнис модел со ниски трошоци

Ако немате спремен пристап до кеш, ќе сакате да одберете бизнис модел што не бара многу пари за старт. Вообичаено бизнис заснован на услуги чини многу помалку од компанија што продава производи, бидејќи вашиот приход се генерира од вашите вештини и време наместо од физичките предмети што треба да ги произведете, купите или складирате.

Бизниси што работат во услужните дејности се: туторство и обезбедување обуки, консултанство, фотографија, пишување и уредништво, преводи, графички дизајн, дигитален маркетинг, итн.

Пресметајте ги деловните трошоци

Ако размислувате како да започнете бизнис без пари, тогаш добра идеја е да се пресметаат вашите очекувани трошоци. Ова ќе ви овозможи да поставите цел за штедење за да имате доволно пари да го лансирате бизнисот удобно.

Типичните трошоци вклучуваат: маркетинг и брендирање – без разлика дали станува збор за печатење брошури и флаери, креирање веб страница или користење дизајнерски услуги за создавање лого, бидејќи  секако ќе треба да потрошите пари за да го промовирате вашиот бизнис. Понатаму, други вообичаени трошоци се поврзани со регистрацијата на компаниите (дали ДООЕЛ или ДОО), движен имот како што се опрема и инвентар (ако сакате да продавате производи). Станува збор за работи како компјутери, канцелариски материјали, сурови материјали итн. Потоа, фиксни трошоци поврзани со водењето на бизнисот како што се наем на простор, плати за вработените, претплати и хостинг на вашата интернет страница. Не заборавајте ги и професионалните услуги што можеби вклучуваат услуги што треба да ги најдете од друга фирма или поединец, како што се сметководство, патентирање, осигурување за вашиот бизнис…

Направете листа од сите можни трошоци со кои би се соочил вашиот бизнис за самото отворање, како и од излезните трошоци секој месец. Обидете се да бидете што е можно пореални, секогаш е подобро да ги прецените трошоците отколку да бидете непријатно изненадени.

Минимизирајте ги излезните трошоци

Многу е важно да ги одржувате трошоците што е можно пониски. Преземете конкретни чекори како што се работа од дома (започнувањето бизнис од дома е далеку поевтино од изнајмување канцеларија, склад или продавница, а истовремено ги намалувате и трошоците поврзани со патот до и од работа); користете бесплатни или евтини онлајн услуги – на пример, основен вебсајт можете да создадете бесплатно ако користите платформи како WordPress или Wix, и ефективно го рекламирате бизнисот на Facebook и Instagram; потрудете се да добиете бесплатна опрема – можеби имате пријател или роднина кој може да ви позајми опрема додека не заработите доволно пари да си купите сами…

Планирајте ги готовинските текови

Дали сте знаеле дека втората најчеста причина за деловен неуспех е останувањето без пари? Ако клиентите не ги подмируваат сметките на време, нема да бидете во можност да се исплатите себеси или вашите вработени (доколку ги имате).

Ова е уште поважно ако започнувате бизнис со ич пари. Можеби ќе сакате да најдете некаква работа со половина работно време за да бидете сигурни дека можете да ја плаќате вашата кирија и сметки. Или, ако веќе имате работа, обидете се да го водите бизнисот за време на вечерите и викендите.

Пронајдете инвестиции ако е потребно

Некои видови бизниси невозможно е да се започнат без пари. Такви бизниси се поврзани со производство, технологија, градежништво, малопродажба и угостителство.

Во овој случај, можеби ќе сакате да размислите за заем или инвестиции.

Заеми од банка – можеби ќе можете да земете заем од банка иако е тешко да го добиете ако немате никаков имот како гаранција.

Владини грантови или заеми – владата поддржува одредени индустрии и региони.

Банката на мама и тато – семејството и пријателите можеби ќе сакаат да ви обезбедат заем без да наплатат за услугата или пак ќе сакаат удел во вашата компанија, пишува womeninadria.

Фото: Freepik