Градските власти на Виена од почетокот на коронавирусот забележаа намалување на потрошувачката на електрична енергија за една петина. Сега потрошувачката се пресели кај домаќинствата, бидејќи поголемиот дел од луѓето работат од дома, а и наставата за учениците се одвива онлајн.
Според Eurocomm PR, овие неколку мерки, што ги презеле жителите на Виена, може да бидат корисни при заштеда на електрична енергија:
Користете продолжен кабел со повеќе приклучоци и копче за исклучување. Кога ќе завршите со работа, само притиснете го копчето и сите апарати ќе бидат исклучени.
Исклучете screen saver. Заштитата за екран ја зголемува потрошувачката на струја и кај модерните монитори не е потребен. Наместо тоа, подобро исклучувајте го мониторот.
Користете sleep mode. Компјутерот и мониторот треба да бидат префрлени на тој режим. На овој начин компјутер е целосно исклучен, а може да се стартува многу побрзо.
Користете дневна светлина. Дури и позицијата во којашто седите, може да ви заштеди енергија. Кога е облачно надвор, користете ламби чија светлина може да се контролира.
Фото: Pixabay