Како до полн паричник во 2020 година

98

Како се ближи крајот на годината, така луѓето почнуваат да ги анализираат своите одлуки и да донесат заклучок што од тоа треба да продолжи и следната година, а од што треба да се откажат.

CNBC нуди неколку совети што би можеле да ви помогнат во годината што доаѓа, секогаш да имате доволно пари тргнати на страна.

Погледнете во “ретровизорот“ за да увидите на што најмногу сте трошеле оваа година. За да дојдете до крајната цел, треба да одговорите на овие прашања:

Колку пари месечно трошевте на потребни работи, а колку на помалку потребни?

  • На што буквално сте “фрлиле“ пари?
  • На кои места сте трошеле најмногу пари?
  • Што заборавате да купите?
  • Како изгледа вашата заштеда, наспроти планот за трошење?

Најважно од сè е да ги следите трошоците, а доколку не можете сами да го направите тоа, користете различни апликации.

Фото: Pixabay