Како до задоволни клиенти?

339

100-posto

Фото: Pixabay

За да биде една компанија успешна и да го максимизира својот профит, мора да изгради добри односи со своите клиенти. А за да се изградат добри односи, треба да се познаваат своите клиенти и да се излезе во пресрет на нивните потреби.

Што е потребно?

Познавање на потребите на клиентите.

Добро да се знае на што треба да се посвети внимание.

Да се внимава како се мери задоволството на клиентите.

Како тоа да се постигне?

Дефинирајте го профилот на клиентот.

Проверете што клиентот најмногу сака.

Обезбедете производ и услуга што ги задоволуваат потребите на клиентот.

Вршете проценка на задоволството кај клиентите како би можеле да бидете уште подобри.

Што е клучно?

Многу е важно да запаметите дека не морате а и неможете да ги задоволите сите потреби на клиентот.

Обидот да се задоволи секоја потреба на клиентот може само да резултира со намалување на профитот на компанијата. Она што е од клучно значење е да се идентификуваат најголемите потреби на клиентот, она без што клиентот не би ја заслужил вашата доверба.

И секогаш…

Клиентот треба да се почитува.

Потребата на клиентот треба да се ислуша и разбере.

Клиентот треба да знае дека е почитуван, разбран и дека давате сè од себе да се одговори на неговата потреба.