Како еден старт – ап спремно ја дочека короната благодарение на ураган

74

Ко-основачите на технолошката компанија Wovenware поминаа три години подготвувајќи се да ги отстранат сите вработени од канцеларијата во случај на катастрофа.

По ураганот Марија, кој го уништи Порторико во 2017 година, тие ја префрлија својата компанија од Сан Хуан на локација три пати поголема од претходната. Новата канцеларија била безбедно оддалечена од другите згради и далноводите. Тие купиле генератор доволно голем за да дозволат работата непречено да трае две недели.

Кризата што дојде со коронавирусот е целосно спротивно на ураганот Марија, кога канцеларијата на компанијата служеше како безбедно засолниште за вработените.

“Не можеме да бидеме централно место“, рече Карлос Мелендез, ко-основач на компанијата од 8,4 милиони  долари.

Но, искуството со ураганот ги научи Мелендез и неговиот партнер, генералниот директор Кристијано Гонзалез, за важноста на планирањето во итни ситуации и брза адаптација во криза.

По ураганот, Wovenware креира протоколи за работа за вонредни состојби кои ќе бараат од вработените да работат од дома. И во последните два месеци ги сменија тие протоколи, затоа што, како што велат, никогаш не замислувале сценарио каде би барале сите да работат дома.

Новите практики ја потенцираат продуктивноста на вработените и менталното здравје. Еве што компанијата направи за да се справи со најновата криза.

Понудете емоционална поддршка

Мелендез вели дека дневните состаноци за време на коронавирусот станале нешто како групна терапија. По прашањето “На што работиш?“ следи “Како се чувствувате?“.

“Им кажуваме дека, на прво место, тие треба да се грижат за своето ментално здравје“, вели Мелендез.

Барајте извештаи за дневни задачи

За време на пандемијата, вработените се сами во своите домови, покрај нив немаат менаџери. Затоа, првото нешто што тие го прават секое утро е да им испратат на своите менаџери што сакаат да направат тој ден и да известат за напредокот на задачата.

Зголемете ги виртуелните дружби

Почнувајќи од март, компанијата го зголеми бројот на собири, во случајов виртуелни, од еднаш месечно на еднаш неделно.

Фото:Pixabay