Како егото може да наштети на вашата кариера

382

Додека умерената доза на его е здрава, често може да се сретнеме со луѓе чие его е неподносливо и навистина иритирачко. Некогаш можеби сте сакале да имате најдобри оценки во класот, а вашите амбиции се трансформирале во желба за најдобра позиција на работа.

Човечкото его се “храни“ од признанието на другите што дополнително ги поттикнува нашите амбиции. Меѓутоа, важно е да препознаете кога амбициите и желбата за успех стануваат камен на којшто можете да се сопнете, во личниот и деловниот живот.

Еднаш штом желбата за успех стане ваша главна мисија и кога ќе станете фокусирани исклучиво на личен напредок, лесно е да се занемари придонесот и важноста на вашиот тим. Ваквиот начин на размислување може да доведе пропуштање на одлични деловни прилики.

Ако почнете да размислувате за тоа што е најдобро за колективен раст, а не само за вашиот, можете значително да го поправите квалитетот на работењето и поттикнувачка работна средина.

Во продолжение прочитајте неколку причини зошто прекумерното его може да му наштети на вашиот бизнис:

Поради големото его тешко ќе прифаќате иновации

Истражувањата покажаа дека луѓето кои се фокусираат само на сопствениот напредок, помалку се склони на воведување иновации. Константниот технолошки напредок бара од компаниите прилагодување на барањата на пазарот. т.е. клиентите.

Критиките ќе ги доживувате како нешто лошо

На никого не му е лесно кога ќе слушне критика. Она што ја прави разликата помеѓу претприемач воден од егото и оној воден од благосостојбата на компанијата е во тоа како реагираат на неа.

Критиките, посебно ако се конструктивни може да служат како насоки за она што можете да подобрите. Важно е да се препознае потенцијалната корист што може да се извлече од неа.

Личностите кои се фокусирани на успех на целиот тим учат од критики, поставуваат прашања на другите и во соработка со нив пронаоѓаат адекватни решенија. Полесно се прилагодуваат на промените, а препреките не ги доживуваат како личен неуспех туку како корисно искуство.

Лесно е да ги прецените вашите способности

Како претприемачи, мислите дека сте единствениот кој може добро да ја заврши работата. Тешко е да се прифати дека не можете секогаш да направите сè сами и да дозволите други квалификувани луѓе да ви помогнат во области каде ви е потребна помош. Не дозволувајте вашето его да ви каже дека можете да бидете “свој господар“ во сè, бидејќи тоа може да доведе само до фрустрација и незадоволство.

Фото:Pexels