Како Европа ќе се враќа во нормала?

108

Европската комисија предлага постепено укинување на итните мерки против коронавирусот, со подолги интервали помеѓу фазите.

Планот ќе биде претставен пред јавноста по Велигден според Грегоријанскиот календар, пишува германски Welt.

На инсистирање на членките, планот ќе биде објавен по Велигден, а од владите на земјите членки е побарано да изготват распоред за ублажување во Европа. Планот, во кој германскиот весник имаше пристап, предлага локално ублажување на мерките.

Во необјавената “Стратегија за укинување на ограничувањата“ се вели дека некои мерки постепено ќе се укинуваат, оставајќи доволно време помеѓу фазите,  периодот помеѓу двете фази е еден месец. Стратегијата предвидува дека мерките за заштита на старите лица ќе останат во сила подолг период.

Забраната за собирање голем број луѓе постепено ќе се олеснува. Првично ќе има ограничен број на луѓе кои можат да бидат во продавницата во исто време, а во училиштата децата ќе седнат раздвоени еден од друг. Баровите, рестораните и културните установи ќе се отворат постепено, додека забраната за масовни собири, како што се фестивали, ќе биде укината подоцна, стои во документот.

Еден од важните барања, како што е наведено во Стратегијата е координирана акција на членките.

Роковите и модалитетите на стратегијата може да се разликуваат од земја до земја, но неопходно е да постои заеднички пристап и заедничка рамка. Исто  „не треба секој да се врати на работа во исто време.

Се препорачува приоритетите да бидат поставени според важноста на бизнисот за економијата, како и врз основа на тоа дали одреден вид активност може лесно да се изврши од дома.

Фото: Pixabay