Прв пат после Втората светска војна во Италија се продадени повеќе велосипеди од автомобили. Дневниот весник Република објави дека во 2011 година во Италија се продадени вкупно 1,75 милиони велосипеди, што е за 2.000 повеќе од регистрираните нови автомобили. Велосипеди се продадени и за 10% повеќе отколку во 2010 година, додека бројот на нови регистрирани автомибили во истиот период е опаднат за 20%.
Враќањето на велосипедот во мода се објаснува со економската криза, со растот на цените на горивата, но и со фактот дека возењето велосипед повторно стана модерно меѓу Италијаните.
Од друга страна продажбата на автомобили во Италија падна на најниско ниво од 1964 година. Иако употребата на велосипедот има голема традиција во таа земја, на улиците на вечните италијански градови и натаму доминираат заглучувачките звуци од моторите, особено скутерите, особено популарни меѓу младите.
Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, по повод конференцијата во Реџо Емилија на која се промовира возењето велосипед во градовите како превозно средство, ги повика локалните власти да фатат приклучок со останатите европски земји и да го направат достапно возењето по градските улици.
Италија е на прво место меѓи европските држави по бројот на автомобили и густината на сообраќај.
Специјализираниот сајт Аутоњуз кој објавува вести од автомобилската индустрија наведува дека во 2012 година е забележан пад во продажбата на нови автомобили во поглемиот број европски земји. Во септември во Франција падот на годишно ниво изнесуваше 37%, во Италија 25,7%, додека падот на производството во Франција беше 18%. Падот на продажбата влијаеше поголемиот број европски производители на автомобили, меѓу кои Рено, Цитроен, Пежо и Фолксваген да ги намал првичните проценки за продажба, како и очекувањата за наредниот период.
Европската велосипедска федерација (ЕФЦ) ги стимулира локалните власти во поголемите градови во Европа да прават велосипедски патеки и да воведуваат велосипеди на изнајмување, бидејќи на тој начин се намалува загадувањето на воздухот, а се растоварува сообраќајот. На сајтот на оваа организација постои список на европски градови кои со својата инфраструктура се отворени за велосипедистите. На оваа листа предводат градовите во Данска и Германија.
Со плановите на Градскиот секртаријат за сообраќај во Белград беше предвидено до 2012 година да се изгради мрежа од велосипедски патеки во должина од 130 километри. Поради недостиг од пари засега идејата е напуштена, така што, главниот град на Србија сега има околу 60 километри патеки и главно во Нов Белград.