Наместо кревет повеќе, што вообичаено се бара во овој период од годината долж егејското крајбрежје, овие денови пред многу апартмани на грчкиот остров Евија стојат табли со натпис “Издавам гарсониера за 25 и двособен стан за 50 евра дневно“.
Причина за тоа, како што пренесува српска Политика, е пандемијата предизвикана од коронавирусот што ја затвори границата на земјата и поради тоа се намали бројот на странски туристи.
Сопствениците на апартманите велат дека таблите ги поставуваат, но не се надеваат дека тоа ќе им донесе повеќе гости. Интерес за вакво сместување најмногу има меѓу Грците кои за викенд доаѓаат од Атина.
И покрај тоа што плажите се полупразни, рестораните и кафулињата е отворени.
Фото: Freepik











