Како изгледа најдобриот аеродром во светот

103

За прв пат по речиси десет години, аеродромот Чанги во Сингапур не е на врвот на листата на Skytrax за најдобри аеродроми во светот. Овој пат, на чело е меѓународниот аеродром Хамад во Доха, кој со години се искачува на листата.

Отворен е во 2014 година со амбиција да го претвори градот Доха од Арапскиот Залив во глобален воздушен центар опслужуван од Qatar Airways, а аеродромот сега опслужува повеќе од 30 милиони патници годишно.

 

Архитектурата ја одразува крајбрежната традиција со својот дизајн на бранови од ѕид до ѕид.

Она што го издвојува овој аеродром од другите се бројните уметнички дела кои може да се пронајдат во внатрешноста. Некои од нив се суптилни, како разиграни лажни птици кои “седат“ на екран со информации пред аеродромот.

Има и многу скулптури – од дрвени играчки високи неколку метри кои се викаат Small Lies и со својот нос потсетуваат на Пинокио до златни замрсени инсталации кои го симболизираат патот на патниците ширум светот.

Фото: Facebook