Како изгледа вистинска Apple продавница

44

real-apple-store-05-2014Оваа Apple продавница не нуди бесплатен Wi Fi, тука се продаваат вистинските Apple производи – сочни и вкусни јаболка.

Лондонскиот пазар Borough, кој е еден од најстарите во Велика Британија, годинава слави милениумско постоење.

Како дел од прославата за купувачите беше создадена една Apple продавница, само што во неа ги немаше стандардните производи на брендот, туку обични јаболка.

На местата каде би се нашле iPhone или iPad, беа наредени црвени, зелени и жолти јаболка со различна големина, а под нив наместо карактеристиките на познатите Apple производи, беа испишани податоци за потеклото, вкусот и аромата на секоја врста јаболка.

Еве како сето тоа изгледаше.

real-apple-store-06-2014real-apple-store-01-2014real-apple-store-02-2014_0real-apple-store-03-2014

RealAppleStore5

The-Real-Apple-Store