Како ја перципираме корупцијата?

31

Корупција или мито во правна смисла е казниво дело заради злоупотреба на должност заради стекнување материјална или нематеријална корисни за којашто нема правна основа.

Според Transparency International, корупцијата е злоупотреба на добиената моќ заради личен интерес.

На скала од 0 (висока корупција) до 100 (нулта корупција), земјава има индекс 35, покажуваат податоците на Eurostat.

Меѓу земјите со индекс близу до 100 се: Данска (87), Финска (86), Шведска и Швајцарија (85), Норвешка (84) и Холандија (82).

Од другата страна на “паричката“ со најниски индекси се најдоа: Русија (28), Македонија и Албанија (35) и Србија и Турција (39).

Од земјите во регионот, најдобро котира Словенија (60), а потоа следат: Грција (48), Хрватска (47) и Црна Гора (45).

Фото: Pexels