За југословенскиот автомобил Yugo се верува дека бил еден од најевтините нови автомобили на американскиот пазар, а бил и еден од најивезуваните производи на Југославија во САД.
Иако со децении веќе не се продава на американскиот пазар, Yugo сè уште има обожаватели во САД, пишува Б92.
Професорот Кевин О’Калахан од училиштето за визуелни уметности на Менхетен на средина на 90-тите години на минатиот век дошол на идеја на студентите да им даде задача од југословенскиот автомобил да направат реплики. Купиле 39 примероци на Yugo за само 3.600 долари и им ги дал на студентите како “празно платно“.
Автомобилите биле изложени во Лос Анџелес, каде предизвикале голем интерес. Yugo добил сосема нова димензија, па студентите го трансформирале во тостер, пијано, камин…
Фото: YouTube screenshot