Како ќе биде новото име на филмското студио 20th Century Fox?

359

Филмското студио 20th Century Fox е еден од најпрепознатливите белези на Холивуд. Безброј познати култни филмови во изминатите 85 години доаѓаат токму од ова студио. Но, оваа година, како што пишува CNN, студиото го меnува името.

Компанијата Disney од оваа година реши од името да го исфрли зборот Fox, па новото име на студиото ќе биде 20th Century Studios. Логото останува исто, само што и оттаму ќе биде исфрлен зборот Fox.

Инаку, Disney минатата година го презеде ова филмско студио, заедно со целиот имот на Fox, преку договор во висина од 71 милијарда долари.

Ребрендираното лого за прв пат ќе биде прикажано со комедијата Downhill на 14-ти февруари.

Студиото 20th Century Fox е основано во 1935 година преку спојување на Twentieth Century Pictures и Fox Films.

Фото: Facebook