Како ќе изгледа автомобилот поради кој Ford ја укина Fiesta

145

Ford неодамна донесе уште една тешка одлука и го сопре производството на легендарниот модел.

Во новата деловна политика на овој произведувач едноставно нема место за Fiesta. Но, ни за многу други модели, како што се Ka, Focus, Mondeo, S-Max и Galaxy.

Токму така, сите овие автомобили заминуваат во историјата за да направат за новите модели на електричното одделение на Ford, Ford Model E, на чие чело е Мартин Сандер.

„Не се одлучивме лесно на тоа, но мораме нешто да направиме“ – така Сандер го прокоментирал за Autocar укинувањето на Fiesta.

Фабриката во Келн, целосно преминува на струја, а прв во низата нови модели сè уште е скриен под церадата. Сепак, благодарение на Сандер, сега можеме да ги видиме неговите линии.

Очекувано, станува збор за кросовер и доаѓа како пазарен пандан на моделите како што е Škoda Eniaq.

По укинувањето на Fiesta, новиот влезен модел на европската гама на Ford станува Puma, со нагласување дека електричната Puma EV Ќе биде претставена следната година, а во продажба ќе се најде во 2025-та година.

Ford има за цел да оствари годишна продажба од 600.000 електрични автомобили во Европа до 2026-та година. Од 2030-та година, секое патнички Ford на Стариот континент ќе биде електричен.

Ford вложува во 490 милиони долари во романските погони и 470 милиони долари во фабриката во Хејлвуд, каде се произведуваат електрични погонски системи.