На интернет се појавија првите неофицијални информации за тоа би можел да изгледа новиот модел на iPhone. Според наводите, iPhone 13 ќе го задржи истиот дизајн како и актуелната 12-та генерација на телефони на Apple, но ќе биде за нијанса подебел.
Ширината и висината на телефоните ќе биде иста како и на актуелната генерација, но дебелината на телефонот ќе биде зголемена за 0,26 милиметри.
Се очекуваат промени и во дизајнот на камерите. Сите три објективи на Apple ќе бидат покриени со сафирно стакло, така што целиот систем на камери ќе биде визуелно дефиниран, пренесува 9to5Mac.
Претходно беше објавено и дека целата линија на iPhone 13 ќе има LiDAR скенери, а не само pro моделите, како што е сега случај.
Фото: Freepik