Најдобриот аеродром во светот Jewel Changi во Сингапур ќе стане уште подобар.
Покрај тоа што ќе бидат реновирани местата за чекирање и трансферот на патници, аеродромот ќе го добие најголемиот внатрешен водопад во светот (40 метри) и огромен внатрешен парк каде ќе бидат засадени локални видови дрвја и растенија.
Проектот Jewel, кој чини повеќе од една милијарда долари моментално се гради веднаш до постоечкиот Терминал 1, кој исто така е под реконструкција, со цел да се модернизира и да го зголеми капацитетот на патници од 17,7 на 24 милиони годишно.
Величенственото здание, чиј дизајнер е светски познатиот архитект Моше Сафди, ќе има пет надземни и пет подземни ката, стаклена и челична фасада.
Jewel, кој треба да се отвори во 2018 година, е заеднички проект на Changi Airport Group (CAG) и CapitaMalls Asia.