Kако ќе изгледаат новите реклами за автомобили?

73

Од март годинава огласите за автомобили што се емитуваат на сите медиуми во Франција ќе мора да содржат соодветни пораки.

На пример, на кратки патувања би било најдобро да одите пешки или со велосипед. Можеби треба да размислите за користење заеднички автомобил или најдобро е да користите јавен превоз за секојдневно патување.

Сепак, тука не е крајот бидејќи рекламирањето во секој медиум, освен во радиоемисии, ќе мора да биде означено со хаштагот „SeDéplacerMoinsPolluer“, што некои компании го применуваат и сега.

Казната за непочитување на новите прописи достигнува до 50.000 евра. Во случај на големи буџети и огромни рекламни кампањи, оваа сума не звучи страшно, но дали некој сепак ќе биде подготвен да плати толку пари само за да покаже непослушност.

Автомобилите на дизел и бензин ќе се гледаат во француските реклами само до 2028 година. По овој датум ќе биде забрането да се рекламира сè што испушта повеќе од 123 g CO2 на поминат километар.

Како резултат на тоа, од 2028 година веќе нема да се рекламираат „смртоносни загадувачи“ како „тојота корола 1.2“, автомобил кој испушта 132-163 g CO2 на километар.

Како оваа одлука ќе влијае врз клиентите и автомобилската индустрија и дали ќе има ефект кога е во прашање заштитата на животната средина, останува да видиме.