Како ко – сопственичката на Jimmy Choo ја “раздрма“ модната индустрија

116

Ко-основачот на брендот Jimmy Choo, Тамара Мелон, има многу претприемачки “киксови“ во својата кариера, но сега реди успеси. Пред четири години, таа основаше и бренд за обувки под нејзино име.

Ова е нејзиниот пат од банкрот до богатство вредно 87 милиони долари.

Jimmy Choo е основана во 1996 година, кога Тамара ималa само 29 години, а светот тогаш доби нова, луксузна идеја за чевли за жени. Таа оваа приказна ја градеше 15 години, помагајќи му на брендот да “расте“, меѓутоа, во еден момент, дошло до прегорување и недоразбирање со приватните инвеститори, кои ги обвини за експлоатација. Британката се почувствувала незадоволна и исцрпена. Таа ја напушти компанијата во 2011 година.

Две години подоцна, таа беше подготвена да покрене поинаква идеја. За почеток, брендот го именуваше по себе Tamara Mellon. Интересно е што таа не објавува сезонски колекции на обувки, туку одредени производи, еднаш месечно. Работејќи долго во оваа индустрија, таа сфатила дека жените повеќе не сакаат да гледаат есенски модели на ревии во февруари, да чекаат до август да ги купат, а потоа пак да чекаат да биде доволно ладно да ги носат.

Модната индустрија во старт била заинтригирана. Инвеститорите дале 24 милиони долари, малопродажните ланци закажале состаноци, но се случил пресврт, таа упорно ги добивала истите повратни информации за тоа како не би функционирала оваа идеја затоа што месечните испораки не би можеле да бидат процесирани како што треба.

“Имав разговор со тројца инвеститори кои сакаа да се вратам во стариот систем на производство и да ја изградам Таmara Mellon како што го изградив Jimmy Choo. Тоа беше пресврт. Јас би можелa да продолжам да работам на стариот начин или да излезам од комфорната зона“, вели Мелон.

Инаку, Тамара Мелон целиот живот е во центарот на вниманието. Таа порасна со татко кој беше актер, каскадер и бизнисмен, мајка која работеше како модел за брендот Chanel, а подоцна се омажи за богат наследник. Сепак, откако нејзиниот нов бренд банкротираше, таа излезе со идеја да продава чевли само преку сајт и за пониски цени од нејзините конкуренти. Овој деловен колапс ја чинеше 10 милиони долари, но таа успеа да застане на нозе.

Британската дизајнерка работела и како моден уредник во британскиот Vogue, а токму тогаш дошла до идеја да започне бизнис за чевли.

“Во 90-тите се сеќавам само на едни чевли Manolo Blahnik. Се уморив да ја сликам таа марка. Џими беше чевлар во источниот дел на Лондон и правеше чевли за приватни клиенти, од него во најголем дел земав модели за едиторијали, но тие не беа на продажба. Тогаш јас предложив да отвориме бренд, за што татко ми ми помогна финансиски“, вели Мелон.

Фото: Facebook