Како компаниите го “искористија“ Берни Сандерс?

36

Голем број компании во светот ја искористија виралната фотографија на Берни Сандерс од инаугурацијата на новиот американски претседател за свои маркетинг цели.

Соработниците на Сандерс одлучиле во продажба да пуштат маици со фотографија од Сандерс, а целиот приход од продажбата ќе биде наменет за организација што обезбедува бесплатни оброци за лица до 60 години со хронични заболувања и инвалидитет.

Цените на маиците се 27 долари, а на дуксерите 45 и сите предвидени количини се распродадени.

Исто така, брендови ширум светот ја искористија приликата да продаваат ракавици и јакни како оние на Берни, а други и со продажба на столица на којашто седел сенаторот.

Како што пренесува Bizlife, Ikea во Србија претстави столица, за којашто порачуваат дека е за оние кои сакаат да “седат како Берни“.

Фото: Store berniesanders