Како коронавирусот создава нови милијардери?

584

Претседателот на компанијата Allmed Medical Products, Чуи Џинхаи, основана во провинцијата Хубеј, каде што започна да се шири коронавирусот, во моментот е меѓу најбогатите во Кина. Неговата компанија се занимава со производство на медицинска и биотехнолошка опрема, а неговите акции двојно се зголемија оваа година и со тоа заработи дополнителни 17 милијарди долари, пишува Bloomberg.

Растот на акциите на компаниите како што е Allmed Medical Products, е знак дека инвеститорите се очајни и бараат спас за глобалната економија.

Ситуацијата е слична и со акциите на компанијата Vir Biotechnology од Сан Франциско, коишто забележаа двојно зголемување.

Акциите на Guangzhou Wondfo Biotech, што произведува медицински тестови, пораснаа за 40% оваа година, а нејзините сопственици ќе станат милијардери.

Hangzhou Tigermed Consulting, компанија чиј сопственик има диплома од Оксфорд, го зголеми профитот за 8%, бидејќи кинеските власти го одобрија неговото истражување поврзано со новиот лек против коронавирусот – Remdesivir.

Фото: Pixabay