Како “кралот“ на Instagram заработува во време на корона

150

Пред поголемиот дел од светот да биде ставен во карантин минатата година, Ден Билзеријан (40) беше домаќин на неговата последна популарна забава. Тоа беше во пресрет на Денот на заљубените 2020 година, кога претприемачот и “крал“ на Instagram (како што го нарекуваат) угости дури 2.700 луѓе во неговата вила во Лос Анџелес.

На актуелната социјална мрежа тој има повеќе од 32 милиони следбеници, а забавите што ги организира, односно – кои ги организираше, се познати по тоа што се вистински спектакл. Билзеријан заработи богатство засновано на забави и на таков начин на живот.

Сето тоа му помогна да промовира премиум вотка која содржи алкална вода, а која денес, како и некои други работи зад кои стои Билзеријан се продава под името Ignite.

Како што пишува Bloomberg, фотографиите кои најмногу му помогнале да се пробие се оние на кои тој позира во долна облека или со многу жени околу себе. Тие му носеле многу пари во минатото. Но од март минатата година тој не правеше многу често “нови спомени“.

На Instagram тој дури се пошегува и како изгледа неговата 2019 година и како изгледа 2020 година.

Овој инфлуенсер годинава сака повеќе да се посвети на својот бизнис на Интернет, а бидејќи масовните забави нема да бидат можни некое време, Билзеријан може да смета на неговата минерална вода и енергетски пијалоци Ignite.

Билзеријан е навикнат да одвојува големи суми на пари на неговиот животен стил – забавите, но недостатокот на истите може да му заштедат пари.

Според податоците од 2020 година, Дан Билзеријан има нето богатство од околу 200 милиони долари.

Фото: Instagram