Како луѓето го оценуваат вашиот карактер

28

pisuva

Фото: Pixabay

Без разлика дали станува збор за интервју, состанок или случајна средба, малите нешта како ракувањето или ракописот играат улога во тоа како луѓето ве доживуваат.

Еве кои работи ве “издаваат”:

Начинот на кој се ракувате

Ако цврсто се ракувате, ќе ве сметаа за личност со самодоверба и обратно. Силниот и сигурен стисок на раката се поврзува и со екстровертна личност и личност која лесно ги покажуваа своите емоции.

Дали пристигнувате на време

Ако сте од оние кои секогаш пристигнуваат на време ќе ви се препишат особини како мотивирана и организирана личност. Доколку не ретко се случува да доцните на состаноци, ќе го добиете епитетот на неорганизирани, мрзеливи или едноставно незаинтересирани.

Како се однесувате во ресторан

Начинот на којшто се однесувате кон вработените во ресторан или хотел открива многу за вас. Од келнери, собарки, па до вработените во обезбедувањето, тонот со кој им се обраќате ја покажува вашата личност.

Каде гледате кога пиете од чаша

Личност која гледа во чашата додека пие е фокусирана, самосвесна и размислува идеалистички. Ако гледате над работ на чашата вие сте личност на која во голема мера и влијае туѓото мислење, се грижите за околината, имате слободен дух и може да ви се верува. Оние пак кои пијат со затворени очи се перцепираат како личности кои имаат некаква тежина или нелагодност или пак се преокупирани со личното задоволство и го одбираат полесниот пат.

Вашиот ракопис

Оние кои многу притискаат со пенкалото на хартијата се оценуваат како тврдоглави и луѓе со голема самодоверба. Големи букви значат дека се грижите за луѓето, додека малите откриваат дека сте интровертна личност. Ако буквите се благо навалени кон десно покажуваат пријателски и сентиментални особини. Исправени букви се карактеристика на прагматична личност, а букви навалени кон лево се одлика на интроспективна личност.

Дали ги гледате луѓето во очи

Ако ги гледате соговорниците во очи вие сте екстровертна, отворена личност. Перцепирани сте како доминантни во опкружувањето и полни со самодоверба. Оние кои го одбегнуват контактот со очи се сметаат за срамежливи, интровертни или пак помалку апатични личности.