Како медитеранските земји ја спасуваат летната сезона?

25

Италија е зад медитеранските конкурентни Грција и Шпанија во обидот за спас на летната туристичка сезона. Пристапот на тамошниот премиер, Марио Драги, е прво да се вакцинираат постарите луѓе, па дури потоа да се отвори земјата за странски туристи, што е морално исправен, но економски ризичен потег, анализира Bloomberg.

Состојбата во Грција е поинаква откако земјата започна масовно вакцинирање. Во Шпанија, туристичките градови Мадрид и Барселона останаа отворени дури и за време на пандемијата, а во исто време хотелите во Рим и Милано се отвораа и затвораа согласно рестриктивните мерки.

Италијанскиот премиер сака да ги искористи сите можни алатки, како и почетокот на летната сезона, за да ги натера Италијанците да се вакцинираат.

Италија од туризмот годишно заработува околу 13% од својот бруто домашен производ, а овој сектор вработува околу 15% од вкупната работна сила во земјата.

Фото: Pexels