Како од комичарка стана една од најбогатите жени во светот?

179

Едно од навлијателните телевизиски лица во светот е токму 62-годишната Елен де Џенерис. Таа, како што пишува Business Insider, има богатство од околу 330 милиони долари, со што е една од најбогатите жени во САД.

Елен ја започнува кариерата како стенд ап комичарка, а денес го води едно од најгледаните шоуа во САД и во светот. Нејзините први настапи биле во Њу Орлеанс, по што ѝ се отвора вратата кон филмовите. Во период од 1994-та до 1998-ма година, Елен се појавува во повеќе телевизиски серии, а во 2000-та година го позајмува својот глас во детската анимирана серија Барајќи го Немо.

Во 2003-та година премиерно е прикажано нејзиното Ellen DeGeneres Show. Проценките говорат дека до 2017-та година од емисијата заработувала околу 50 милиони долари годишно. Скоро половина од нејзината заработка доаѓа од емисијата, а заработува милиони и преку сопствената продуцентска куќа A Very Good Production.

Во 2015-та година, ја лансира својата модна линија ED by Ellen, а има и онлајн продавница. Една година подоцна ја основа Ellen Digital Network Warner Bros, којашто се фокусира на програмирање и социјални медиуми.

Само минатата година заработила 80,5 милиони долари со што стана 22 најплатена јавна личност во светот, според магазинот Forbes.

Своето богатство сака да го троши на недвижни, па се верува дека од 2003 година купила скоро 20 луксузни куќи. Според нејзе, тоа повеќе е хоби одошто стратегија за инвестирање на пари. Првата куќа што ја купила во 2003-та година имала вредност од шест милиони долари, а се наоѓала на Беверли Хилс. По три години му ја продала на Вил Фарел за девет милиони долари. Минатата година, де Џенерис продала три куќи за повеќе од 45 милиони долари, додека во исто време купила уште две за 27 и 45 милиони долари.

Таа во една прилика изјавила дека пораснала во скромни услови и во мали станови, поради што сега кога има свои пари може да ги дозволи поголем и полуксузен имот.

Освен недвижнини, Елен сака да инвестира и во автомобили, па може да се пофали со колекција во којашто има и Porsche и Ferrari.

Елен е позната и по тоа филантропија, па често пати е дел од хуманитарни акции и проекти. Истото тоа го практикува и во рамки на нејзиното шоу.

Фото: Facebook