Како падот на Euribor влијае на економијата?

50

Euribor е кратенка од европска меѓубанкарска стапка (Euro interbank offered rate). Таа се базира на просечните каматни стапки преку коишто голем број европски банки меѓусебно си позајмуваат финансиски средства на рок од една недела до една година.

Стапките на Euribor се сметаат за најважни референтни стапки на европскиот пазар на пари.

Падот на европската каматна стапка во негативна зона, иако на краток рок, сигнализира дека нешто не е во ред и пазарите очекуваат пад на цените, односно дефлација, анализира Центарот за европски политики. Дефлацијата, како што се наведува, ги мотивира учесниците на пазарот да го одложат купувањето на производи и услуги со надеж дека цените ќе бидат уште пониски. Тоа предизвикува намалување на економската активности и инвестиции, а потоа со себе повлекува и поголема невработеност, што ќе има дополнителни негативни ефекти врз и така слабата економија.

Минатата недела Еурибор падна на најниско ниво од -0,398%. Рекордниот пад беше поттикнат од напорите на Европската централна банка да обезбеди финансиски средства за банките во обид да се спротивстави на економските последици од пандемијата.

Овој вид на референтна каматна стапка за прв пат беше претставена на 30-ти декември 1998 година. Претходно, голем број национални референтни каматни стапки, како што се Pibor (Франција) и Fibor (Германија) се земаа во предвид.

Банките што го сочинуваат панелот за Euribor се оние банки со најголем удел во пазарот на пари во рамки на евро зоната. Тие мора да бидат првокласни, со високи етички стандарди и да уживаат одлична репутација.

Фото: