Како пандемијата ги промени финансиските навики кај миленијалците

67

Коронавирусот може директно ја погоди постарата популација, но помладите генерации веројатно ќе ги променат навиките за трошење поради овој вирус.

Сепак, според истражувањето на платформата за аналитика на мало First Insight, повеќе од една третина од миленијалците не се убедени дека можат да се справат со трошоците, а исто така изјавиле дека можеби ќе треба да позајмуваат пари од семејство или банка.

Еве како коронавирусот влијае на финансиското однесување на миленијалците.

Миленијалците ги намалуваат трошоците заради евентуална рецесија

Миленијалците “ги стегаат“ паричниците од страв од рецесија.

“Иако целиот свет е загрижен за финансиските последици од епидемијата, однесувањето на миленијалците се менува подраматично од која било друга генерација“, рече извршниот директор на First Insight. 

Повеќе од половина од анкетираните миленијалци велат дека коронавирусот влијае врз нивните одлуки за купување. Затоа, 40% рекоа дека ги намалиле трошоците за да се подготват за кризата.

Купуваат онлајн

Миленијалците сè повеќе го намалуваат физичкиот шопинг. 39% изјавиле дека ретко  купуваат во продавници.

Тие сè повеќе подготвуваат оброци дома и трошат за свежа и органска храна за да останат здрави.

Тие сè повеќе користат апликации и услуги за испорака

30% од испитаниците изјавиле дека користат услуга за испорака на храна. Епидемијата поттикна зголемување на испораката на храна без контакт.

Фото: Pixabay