Како правилно да медитирате

425

meditacija

Фото: Pexels

Лесна, брза, едноставна и многу моќна алатка за да се ослободите од секојдневниот товар на грижи, обврски и работни задолженија – медитација.

Најдете тивко и релаксирачко место

Може да биде било каде. Надвор под некое дрво, во спалната соба со изгаснати светла, дневната соба… онаму каде ќе се чувствувате најпријатно. Внимавајте само да нема работи кои ќе ви го одвлечат вниманието во моментот и во текот на медитацијата. Целта е да бидете максимално фокусирани.

Најдете позиција која најмногу ви одговара

Може да седите, лежите, стоите, одлуката е ваша. Единствено што треба е да ви е удобно. Штом ќе ја најдете идеалната позиција, затворете ги очите.

Земете длабок здив

Додека се наоѓате во таа позиција со затворени очи, длабоко вдишете и опуштете се. Олабавете ги рамената и вратот, размрдајте ги прстите на нозете и рацете. Вдишете бавно и кога ќе издишете, замислете дека стресот и сите грижи го напуштаат вашето тело. И така секој пат кога ќе издишете.

Обидете се да го прочистите умот

Одложете ги сите задачи што можат да чекаат. Фокусирајте се на вдишувањето и издишувањето. Не размислувајте за ништо, особено не за обврските, состаноците и одговорностите. Оставете сè за подоцна. Наместо тоа развијте ја самосвеста, набљудувајте го дишењето, начинот на кој се релаксирате. Искоритете го моментот максимално.

Замислете се на некое среќно место

Било кое место каде сте се чувствувале убаво и исполнето, може да биде вашето среќно место. Годишен одмор, разговор со драга личност или еден обичен ден во парк.

Затворете ги очите, продолжете да дишете длабоко и замислете како целото ваше тело да забавува

Чукањето на срцето, протокот на крв, функциите на целото тело од глава до пети – се забавува. Продолжете да се замислувате на среќното место и дишете бавно уште неколку минути.

Не брзајте

Не го мерете времето на медитација. Медитирајте сè додека не се почувствувате релаксирани и освежени. Доколку не сте во можност да одвоите повеќе време, истражувањата покажуваат дека 5 до 15 минути можат да бидат сосема корисни. Штом ќе почувствувате дека е доволно, отворете ги очите и почувствувајте ги придобивките.