Како правилно да му соопштите на шефот дека давате отказ

64

write-593333_960_720

Фото: Pixabay

Не е лесно да се донесе одлука, особено ако станува збор за нешто важно како давање на отказ. Сепак, ако веќе сте се одлучиле на тој чекор, еве неколку совети како да му соопштите на шефот за тоа.

Важен е тајмингот

Никако не смеете информација од ваков тип да ја соопштите било кога и било каде. Закажете состанок со шефот и бидете сигурни дека никој нема да ве прекине во разговорот. Така ќе бидете подготвени на најдобар можен начин да ги кажете причините зошто сакате да си заминете од компанијата.

Наведете дека се работи за нешто одамна посакувано

Докажете му на претпоставениот дека си одите затоа што сакате да ги постигнете вашите одамна поставени цели во бизнисот и дека отказот нема врска со незадоволство од компанијата. Сте добиле шанса што не смеете да ја пропуштите.

Искажете благодарност

Не заборавајте да се заблагодарите за укажаната прилика да бидете дел од тимот. Кажете дека сте научиле многу и сте ја добиле потребната поддршка. Секој претпоставен сака да чуе дека дал некаков придонес за својот вработен.

Не мора да престанете со контакт

Уверете го шефот дека вашиот отказ нема да попречи во понатамошната комуникација. Ако сте имале коректен однос и добро сте се разбирале, сигурно ќе посакате да се видите по некое време. Постојат многу начини како да останете во контакт, а можеби ќе имате повторна шанса за соработка.

Што ако шефот не сака да си одите?

Можеби шефот ќе проба да ве задржи како вработен. Ако сте сигурни дека сакате да си заминете, кажете го тоа. Но, ако од некоја причина се двоумите, побарајте малку време за да размислите. Направете листа каде што ќе ги наведете причините зошто би останале и оние зошто би заминале. Во случај да се предомислите за отказот, подгответе се да останете уште некое време. Сепак, имајте предвид дека ако ја повлечете одлуката за заминување, вашиот шеф може да го смени мислењето за вас и тоа да влијае на понатамошната работа.