Како преоптовареноста на работа влијае врз продуктивноста

24

stres

Фото: Pixabay

Резултатите од неодамнешното истражување на компанијата Good Technology покажуваат дека 80% од Американците работат во просек по 7 до 8 часа прекувремена работа неделно надвор од канцеларијата.

Меѓутоа, помалку работа всушност има позитивен ефект врз продуктивноста.

Прочитајте како премногу работа може да ја наруши вашата продуктивност, како и неколку совети коишто можат да ви помогнат да го спречите тоа:

Посветувате премногу време на работни обврски

Истражувачите од Берлин ги анализираа навиките на виолинистите и добија интересни резултати. Истражувањето покажа дека најталентираните вежбаат помалку и спијат повеќе од просечниот свирач. Исто така се покажа дека голем број на исклучителни виолинисти се фокусираат на нивните слабости за време на вежбањето, додека просечните се концентрираат на генерално вежбање. Покрај тоа, тие се изложени на поголем стрес и помалку спиење.

Мултитаскинг е вашето средно име

Мултитаскингот изгледа како најдобро решение кога листата на работи што треба да ги направите е предолга. Меѓутоа бројни студии покажуваат дека овој пристап не помага. Една студија од Стенфорд преку примерок од 262 пациенти покажа дека оние кои прибегнуваат кон мултитаскинг всушност завршуваат многу помалку работа од оние кои се занимаваат со еден по еден проект.

Обидете се на секоја поединечна задача да посветите најмалку 20 минути време пред да преминете на следната.

Концентрирани сте единствено на работата и не си дозволувате одмор

Кога сте премногу зафатени да ја завршите задачата на време, тогаш ви се чини дека секој одмор е губење на време. Истражувањата сепак го покажуваат токму спротивното. Паузата ќе ви помогне повторно да се концентрирате, да најдете фокус и да ја повратите енергијата.

Ако навистина сакате да биде продуктивни, одредете си мала пауза помеѓу секоја задача. Тоа може да биде кратко кафе со колегите, да одите на прошетка или да пребарувате на социјалните мрежи.

Секогаш сте презафатени

Истражувањата покажуваат дека хроничното “работење“ и недостатокот на време не се добри за продуктивноста. Некои студии дури покажаа дека предолг период на преокупираност со работа води до депресија.

Научниците тврдат дека два проекта во исто време се природната граница на мозокот. Покрај тоа, секогаш земете си време за одмор помеѓу секоја поединечна задача.

Премногу се трудите

Истражувањата покажуваат дека луѓето се најпродуктивни кога се опуштени и не се трудат максимално. Кога телото е опуштено, мозокот е повеќе продуктивен. Затоа оставете време за одмор.