Како преживеаја аеродромите од регионот во август и септември

38

Иако август изгледаше оптимистично и даваше надеж дека работите одат кон подобро, септември во поголемиот дел на Европа, па и во светот, како и во регионот беше тежок месец за авиоиндустријата.

За само еден месец и половина, односно од почетокот на август до средината на септември, регионот загуби дури 386 летови, што е пад за 28,1%. На почетокот на август, во регионот имало 1372 летови, а сега само 986.

Иако Белград на почетокот на август беше на трето место по бројот на неделни летови, сега е уверливо прво место. Загреб е втор, додека Сплит од супериорното прво се спушти на трето место, стои во анализата на порталот Tangosix.

На почетокот на август, аеродромот во Скопје имал 76, а на средината на јуни 60 летови. Приштина, како што се наведува, на почетокот на август беше пред Скопје, но на средината на септември падна под нашиот аеродром.

По бројот на фреквенции во корелација со бројот на линии и понатаму на прво место е Загреб, иако паднал од 6,9 на 5,7 летови по линија. Белград со високофреквентните линии за Подгорица и Тиват се искачи од четврто на второ место со 4,7 летови по линија. Тиват од истата причина од 11-то се позиционираше на трето место, а Подгорица од 10-то на петто место. Најголем пад доживеаја: Загреб (1,2 лета по линија), Сплит (0,9) и Скопје (0,6).

Според анализата, бројот на линии на аеродромот во Скопје остана ист (27). Најголем пазарен удел има Wizz Air со 32 од 60 летови, по што следат: Austrian Airlines (шест), Turkish Airlines (пет) и Air Serbia (пет неделни летови).

Фото: Pexels