Како против киселините во желудникот?

624

Имате проблем со болки и киселини во желудникот? Еве на што треба да обрнете внимание.

zeludnik

Фото: Pixabay

Оставете ги цигарите. Тие го намалуваат излачувањето на плунка, која природно помага за исфрлање на киселината од желудникот.

Останете смирени. Стресот може само да ја влоши ситуацијата.

Јадете помали оброци, почесто. Тоа помага за регулирање на варењето.

Одбегнувајте оброци кои ги засилуваат болките, како зачинета храна, масно месо, кромид, домати, чоколада, кофеин, тешко сварлива храна.

Внесете ѓумбир во исхраната. Ги ублажува симптомите и непријатното чувство.

Помалку алкохол. Истражувањата покажуваат дека и алкохолот има улога во содавање на киселини во желудникот.

Облеката треба да е лабава. Не смее ништо да ви го притиска стомакот, оставете ги тесните пантолони, фармерки и ремени.

Спијте на повисока перница. Таквата поставеност на телото додека спиете помага киселината побрзо да се излачи.

Одбегнувајте ментол. Било да се тоа бонбони или чаеви, ментолот може да ја влоши ситуацијата кај луѓето кои хронично ги имаат овие симптоми.

Јадете бавно. Добро џвакајте ја храната, не брзајте додека јадете. Така ќе му помогнете на желудникот подобро да вари.