Како се гради десеткатница од покривот, па надолу

8

rubic-construction-site

Градежната компанија Umbrella construction од Монтреал гради 10-катница од покривот, па надолу, пишува CBC.

Овој нов метод на ѕидање подразбира поставување темели и прв кат, а потоа покривот. Штом биде готов покривот, почнува изградбата на долните катови. Иако ваквиот начин на градење е поскап и посложен од вообичаениот, обезбедува да се гради без употреба на кранови и скелиња.

Исто така, работниците може да работат во текот на целата година бидејќи се заштитени од временските услови.

“Овој пристап во иднина може да се искористи и за градење на помали градежни парцели, кадешто нема многу место за работа. Друга важна предност на овој метод на градење е тоа што им овозможува на програмерите да ја прилагодат висината на проектот во текот на неговата изградба“, изјави Џоел Ларуш, претседател на Umbrella construction.

Зградата се очекува да биде завршена до јули следната година.