Како се изработуваат Patek Philippe часовниците од 500.000 долари

47

p8

Швајцарските Patek Philippe часовници се едни од најпосакуваните мерачи на времето. Секој од нив е направен рачно, од најдобрите материјали, а за изработка на ситните 252 делчиња и нивно составување потребна е една година.

Цената на еден ваков часовник достига и до 500.000 долари, а и да имате толку пари да потрошите за еден модел, можеби ќе треба да почекате, затоа што годишно се произведуваат само 50.000 примероци. Најголемиот конкурент на Patek Philippe, швајцарски Rolex, годишно сериски произведува 700.000 парчиња.

Неодмна Блумберг телевизија ја посети лабораторијата на оваа компанија во Женева и направи краток филм за процесот на изработка на секој од овие часовници. Видеото погледнете го во продолжение по фотографиите.

p1

p2

p3

p4

p5

p6

p7

p9