Како се однесуваат моќните жени

164

Сигурно се прашувате кои жени се моќни. Можеби прва асоцијација ви се жени во политика, на раководни позиции, со големо богатство и моќ во светот. Но, моќни се и оние жени кои не се познати во јавноста, а сепак со голема желба грабаат кон патот на успехот и на приватен и на професионален план.

Ова се дел од нивните навики што ги практикуваат секој ден:

Секогаш појадуваат

Вежбаат секое утро

Не користат snooze, туку стануваат веднаш штом им заѕвони алармот

Се движат грациозно, држат до себе, се грижат за своето здравје

Со насмевка ги поздравуваат колегите и пријателски им посакуваат убав ден

Не се плашат да побараат помош, не се срамат да прашаат

Држат до себе и го бранат својот став со факти

Не се плашат од авторитети и мажи колеги

Своите колеги ги сметаат за пријатели, а не за лути конкуренти

Уживаат во животот, сакаат да се дружат, да патуваат

Сакаат да учат нови работи, да решаваат предизвици и да изнаоѓаат решенија

Фото: Pexels