Како се рециклира челикот?

181

Процесот на рециклирање на челикот започнува со собирање на старо железо, селекција, пресување, сечење-дробење, т.е. негова подготовка за следен процес, топење, рафинирање и леење (кристализација), објаснуваат од компанијата Макстил на нивната официјална Facebook страница.

  1. Собирање на старо железо и негово селектирање.

2. Употреба на магнетен сепаратор за сепарирање на металните делови и отстранување на неметалните примеси.

3. Идентификација на материјалот погоден за рециклирање. Процесот на рециклирање започнува во специјални машини со сечење-дробење на отпадното железо.

4. Сечење на старото железо на помали парчиња.

5. Топење на старото железо во електролачна печка. Заради контрола на квалитетот, Челичарниците во печките, обично користат различни типови на селектиран отпад.

6. Рафинирање на течниот челик во казанска печка. Со рафинацијата се елиминираат заостанатите нечистотии и се подобруваат металуршките карактеристики на течниот челик.

7.Кристализација на рафинираниот течен челик започнува со излевање на течниот метал во систем за ладење – контилив. Преносот на течниот метал од постројките каде се обработува – рафинира, до постројката за леење-кристализација се врши со мостни дигалки.

Фото: Facebook