Како се “родил“ банкоматот?

67

Иако Џон Шепард Барон се смета на пронаоѓач на банкоматот, се верува дека подигнувањето пари од “машина“ е идеја на Џорџ Симијан, американски иноватор со потекло од Јемен.

Неговата идеја од 1939 година наишла на интерес од Citigroup, којашто им ја понудила услугата на своите клиенти. Но, по неколку месеци, банката ја прекинала услугата бидејќи идејата не наишла на интерес.

Скоро 30 години подоцна, во 1967 година, банката Barclays постави банкомат во Лондон. Но, за разлика од денешните банкомати, клиентите користеле картички за еднократна употреба за да извадат 10 фунти, што бил единствен износ што можел да се повлече од “машината“.

За кратко време, Доналд Ветсел од Далас овозможил од банкоматите да се извади посакуваниот износ, под услов да имаат отворено сметка во одредена банка.

Некои од банкоматите веднаш не ја враќале картичката, па корисниците морале да одат да си ја подигнат.

Денес, во светот има околу три милиони банкомати.

Фото: Pixabay